Мистериозна објава за нов албум на починатиот Тупак

На официјалниот сајт на прерано починатиот Тупак Шакур што го водат членовите на неговото семејство, се појави интересна објава.

Станува збор за мистериозна објава во која се најавува нешто наречено „1998″ и тоа треба да се појави на 24 ноември.

Обожавателите претпоставуваат дека се работи за новиот постхумен албум.

Неодамна беше завршен судскиот спор меѓу семејството на раперот и неговиот поранешен издавач Death Row Records, што значи дека е отворен патот за најмалку два албума со необјавени песни.

Текстот Мистериозна објава за нов албум на починатиот Тупак е превземен од Reporter.mk.