(Фото) Реванш меч меѓу скопската публика и Нокаут

Дваест години откако го одржаа првиот концерт во СРЦ Кале, „Нокаут“ вечерва се вратија на истото место, со концерт да го одбележат големиот јубилеј.

Музичарите, облечени во боксерски наметки, ги најави Игор Џамбазов. А тие наместо на бина, излегуваа на боксерски ринг. Реванш меч меѓу скопската публика и Нокаут. Секоја рунда ја најави оскудно облечената хостеса. “И да знаете, воопшто не е точно дека Пере личи на Џони Деп”, рече тој.

Од оригиналниот бенд остана само Пере, кој вечерва со своите музичари ги свиреше песните што пред две децении ги прославија него, Ацо Конга, Кире и Франц, а Нокаут ја направија една од најпопуларните групи кај нас.

Публиката, расположена исто како на секој нивни концерт запеа уште веднаш, а „Нокаут“ за почеток направија микс од неколку песни: Дождот, 1000 причини за крај, Будење…

Во полната сала посетителите веднаш почнаа да играат, а убавата атмосфера ја дополнија со многу аплауз и овации. Славеничкиот концерт на „Нокаут“ го почна македонскиот рок бенд „Ер-ге-бе“.

Концертот е во организација на “Авалон”

Андријана Јовановска

Фото: Д. Перковски

 

Текстот (Фото) Реванш меч меѓу скопската публика и Нокаут е превземен од Reporter.mk.