Владо Георгиев не се плаши од тужбата на Дара Бубамара

Војната помеѓу Владо Георгиев и Дара Бубамара продолжува. Откако српската пејачка поради навреда најави тужба против нејзиниот колега, Владо во утринската програма кај Наташа Милјковиќ, повторни ја спомена Дара.

Пејачот објасни зошто и упатувал навредувачки коментари и ја нарекол летачко прасе.

„Јас само се обидов да илустрирам, затоа што таа личност така и ја доживувам. Да ме нападне мене од чиста мира, без никаква потреба и да зборува дека јас сум бил само некаков тонец. Таа прва почна. Зошто не би ја нарекол летачко прасе. Лета со авион и личи на прасе“, изјавил Владо.

Пејачот објасни и дека не го интересира премногу тужбата која што неговата колешка планира да ја покрене против него.

„Мене не ме интересира премногу тоа. Јас не сум тип кој што се расправа. Твитер е сатирично место и не е толку сериозно како што некои луѓе го доживуваат. Но, некои луѓе немаат капацитет тоа да го укапираат“, изјавил Владо.

„Ние не сме летачки прасиња, ние сме дами и гопсода. Постои фолк и поп“, заврши Владо.

 

 

 

Текстот Владо Георгиев не се плаши од тужбата на Дара Бубамара е превземен од Reporter.mk.