Пејачката Јелена Томашевиќ не успеа да стигне да биде дел од фестивалот „Мел Фест“ кој во четвртокот се одржа во Прилеп, откако за време на одморот во Занзибар таа остана без личните документи.
На пејачката додека престојувала во егзотичниот корален остров и биле украдени патните исправи. Уметничкиот директор на фестивалот Елена Петреска вечерта ја оправда отсутноста на Јелена.
„Јелена беше најавена како гостин на „Мел Фест“, но за жал не можеше да пристигне. Информирани сме дека Томашевиќ била во Занзибар, каде доживеа непријатност, која го спречила нејзиното пристигнување. И биле украдени документи, па поради тоа не беше во можност да патува во Прилеп додека не ги добие новите патни исправи. Сепак, таа вети дека ќе се појави на некои од следните настани поврзани за „Мел Фест“, изјави Петреска.
Јелена Томашевиќ во Занзибар на одмор замина веднаш по прославата на нејзиниот 35 роденден. На една од фотографиите кои ги постираше од одморот, пејачката позираше покрај куќата каде е роден и живеел пејачот Фреди Меркјури.
Текстот Јелена Томашевиќ поради украдениот пасош не стигна на „Мел Фест“ е превземен од Reporter.mk.