Цеца: Вељко е многу млад за брак

Светлана Цеца Ражнатовиќ ја поддржа љубовта на својот син Вељко со неговата девојка Богдана Родиќ, но сепак пејачката смета дека тој е сеуште млад за брачен живот. Сепак Цеца вели дека тоа не значи дека таа ќе превземе мерки и ќе ги запре на каков било начин во нивната желба да стапат во брак.

„Не сум строга мајка. На моите деца сум им најискрен пријател. Мислам дека тие се сеуште млади за брак, но јас не се мешам во нивниот емотивен однос. Тука сум да ги поддржам во се, затоа што знам дека носат исправни одлуки. Навистина не сакам многу да зборувам околу тоа. Вељко си го кажа своето“, изјавила Цеца.

 

 

 

Текстот Цеца: Вељко е многу млад за брак е превземен од Reporter.mk.