Кристина Беквалац помладата сестра на српската пејачка Наташа Беквалац, вели дека е среќна со нејзиниот сопруг Иво Мартиновиќ, со кого во повеќе наврати досега се разделувале.
Кристина покрај тоа што е сестра на Нашата Беквалац, во јавноста е позната ѝ по нејзиното учество во шоуто Survivor, во 2012 година, кога отворено зборуваше за разводот од тогаш нејзиниот поранешен сопруг дизајнерот Иво Мартиновиќ.
Кристина за разлика од Наташа вели дека има повеќе среќа во љубовта. Како што пренесуваа српските медиуми, поради зачестените кавги и различни карактери, Кристина и Иво решиле да се разделат.
И покрај тоа што бракот бил прекинат, чувствата и пријателските односи останале кај двајцата. По неколку години подоцна, Кристина и Иво се смириле, а во 2015 година двајцата повторно се венчале.
Новиот брак им донесе една принова. Минатата година во април Кристина Беквалац на свет го донесе синот Ноа.
Текстот Kристина Беквалац има повеќе среќа во љубовта од Наташа е превземен од Reporter.mk.