Лудите барања пред концертите на размазените светски пејачки

Голем број на светски ѕвезди по карактер се мирни, но има и такви кои се диви. Постојат селебрити лица кои немаат никакви барања, но има и оние размазените.

Во последната група спаѓаат и пејачките Џенифер Лопез, Ријана, Мараја Кери, Лејди Гага, Бијонсе и многу други.

Џенифер Лопез освен што за сите свои настапи секогаш бара приватен авион, има и посебни барања за десетина хотелски соби за своите стилисти, како и многу други ситници.  Секогаш во собата мора да има бело цвеќе, по можност ружа. Исто така освен цвеќето, сите столици и храната мораат да имаат бела боја.

„Се е тоа игра на моќ. Тие работи не ги барам јас, туку моите соработници. Многумина сметаат дека моите барања се чудни, но на тој начин и јас сум им интересна на публиката“, објаснила Џеј Ло.

И Ријана знае да се опушти пред настапот на своите концерти. Некогаш нејзините концерти не почнуваат на време, а тоа што таа го бара секој пат е се полудо и полудо. Во пресрет на настапот во Даблин, таа побарала од организаторит да ја чува ирската гарда. Освен што пејачката сака поголеми и побезбедни услуги, има на ум и за брз премин низ патиштата на Даблин, во случај да не заглави во сообраќајната гужва. Во текот на концертот мора да има и залихи со слатки и енергетски пијалоци.

„Единствена работа која морам да ја направам е тоа што го сакам“, изјавила Ријана.

Иако претходните две пејачки имаат исклучително големи барања, сепак Марја Кери ги надминува и двете. Пред 11 години на концертот во Лондон, Кери побарала од организаторите да биде опкружена со 20 бели маички и стотина бели гулаби. Освен тоа, каде и да преноќува, таа мора да спие во својата постелнина. Славините мораат да бидат во златна боја, а тоалетната даска мора да се менува секој ден.

Ни водата за бањање не и била доволна, па морала да ја менува со минерална, а се бања со своето куче за кое еднаш изнајмила и авион за да го пренесе од едниот крај на САД, на другиот.

Ниту Лејди Гага не е ништо подобра. Помошничката ја тужела затоа што не и плаќала прекувремена работа, а морала да ѝ го носи лаптопот доколку тој се наоѓал на масата, а не во скутот на пејачката. Дури и морала да и носи тампони во тоалетот ѝ да ѝ пушта вода.

Пејачката секогаш со себе на настапите понесува 150 луѓе, меѓу кои и масер, тарот мајстори и повеќе од 20 стилисти. Во гардеробата мора сега да има бела боја на облека, кожна гарнитура, свежо цвеќе, црни завеси, а ѕидовите мораат да бидат украсени со стари постери.

Бијонсе секогаш има неверојатни барања, но оваа година се надминала самата себе си. На последната турнеја, каде и да отседне, гардеробата морала да има точно 25,5 степени целзиусови, и да биде преполна со цвеќиња со мирис на ружа. За разлика од Џенифер, кај неа не мора да биде се бело, но тоалетната хартија мора да биде исклучително црвена.

Пејачката се грижи и за своите близнаци Руми и Сиа, па од организаторите бара во секој хотел да има детски кревети изработени од 18 каратно злато.

 

Текстот Лудите барања пред концертите на размазените светски пејачки е превземен од Reporter.mk.