(Видео) Трамп додека го мазеше коњот, ризикуваше да биде удрен

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно стана мета на твитерџиите на интернет, откако на социјалните мрежи се појави видео од него како тапка коњ по задникот.

Многумина прокоментираа дека ваквиот потег на американскиот претседател бил многу опасен, затоа што општо познато е дека коњите не сакаат кога некој им се приближува од позади, затоа што можат да го удрат со копитото.

Трамп беше снимен од страна на новинарот Ерон Рупар, кој видеото кое го постирал веднаш станало вирално на интернет. Твитерџиите веднаш почнаа да се шегуваат и да пишуваат смешни коментари на сметка на Трамп.

Имаше и такви кои го осудија ваквиот потег на првиот човек на Америка, поврзувајќи го мазењето на задницата со неговото непристојно однесување кон жените, а некои пак напишаа дека му платил на коњот да го помази.

„Дали овој човек некогаш бил во близина на коњ?“, прашал еден твитерџија, кој потенцираше дека ваквото однесување на претседателот можело да му нанесе сериозни тешки повреди.

Имаше и такви кои направија шега на негова сметка, споредувајќи ги неговите фотографите со фотографиите на коњски задник.

Текстот (Видео) Трамп додека го мазеше коњот, ризикуваше да биде удрен е превземен од Reporter.mk.