Почина славниот магионичар Рики Џеј

Магионичарот Ричард Џеј Поташ, познат како Рики Џеј, почина денес во Лос Анџелес од природна смрт на 72 годишна возраст, пренесуваат американските медиуми.

Славата ја стекнал во филмовите на Давит Мамет (70) а смртта ја потврдил неговиот менаџер Винстон Симоне.

„Беше единствен. Нема повеќе да сретнам никој сличен на него“, изјавил Винстон за „Холивуд Репортер“.

Американските медиуми го нарекуваа Ричард највештиот уметник.

Кариерата на магионичар ја започнал уште рано во младоста. Продолжил да ја изведува во њујоршкиот циркус во 1960 година. Следеле бројни филмски улоги, а се прославил во „Куќата на игри“, „Утре никогаш не умира“, „Престиж“ и многу други.

„Рики го сметам за интелектуална елита на магионичар. Мајстор на својот занает“, го опишал во едно свое интервју Стив Мартин. Освен што бил врвен магионичар и актер, напишал и неколку книги.

 

 

Текстот Почина славниот магионичар Рики Џеј е превземен од Reporter.mk.