Руската манекенка Олга Власова тврди дека еден месец тајно се гледала со актерот Кит Харингтон, пред тој да се ожени со Роуз Лесли, но и по свадбата. Таа на руските медиуми како доказ им дала неколку фотографии од популарниот глумец кој спие гол во нејзиниот кревет.
Олга вели дека се запознала со Кит во Луксембург пред неговата свадба, но дека тој ја изневерувал Роуз и по свадбата. Таа рекла дека не била импресионирана од него како љубовник, ниту, пак, од големината на неговиот пенис.
Претставникот на Кит за медиумите изјавил дека Русинката ја измислила целата приказна и дека ќе ја тужат. Тој вели дека Кит никогаш не бил во Луксембург и дека не ја познава Олга Власова.
Харингтон, кој се прослави со улогата на Џон Сноу во хит-серијата „Игра на тронови“, се ожени со својата девојка Роуз Лесли (Игрит) во јуни оваа година, во замок во Шкотска. Двојката се запозна пред шест години на снимањето на популарната серија.
Текстот (Фото) Русинка имала афера со Кит Харингтон, објави фотографии од глумецот е превземен од Reporter.mk.