Властите во ОАЕ го помилуваа британскиот академик кој беше осуден на доживотна робија

Властите во Обединетите Арапски Емирати го помилуваа Британецот Метју Хеџис, кој беше осуден на доживотна затворска казна, поради шпионажа.

Одлуката за помилувње стигна, откако новинарите прикажале видео снимка на која Метју практично признава дека е агент на британската известувачка служба (MI-6).

Властите денес ја објавиле одлуката за ослободување, на конференција за новинари во Абу Даби, наведувајќи дека претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Халиф бин Зајед ал Нахјан, го помилувал Хеџис во неделата.

На Метју ќе му биде дозволено да ја напушти државата кога процедурите за обезбедување на неговото ослободување ќе бидат готови, пишува во соопштението испратено од властите до јавноста.

Тие на денешната конференција прикажале и видео снимка од 31 годишниот Хеџис, каде на едно од сослушувањата во судот, признава дека е агент Мi-6.

Хеџис како што пренесуваат медиумите во Обединетите Арапски Емирати, во оваа земја работел на докторски студии. На медиумите не им било дозволено да го снимаат прикажувањето на видео материјалите.

Властите морале да ги прикажат снимките, поради големиот пртисок кој стигна од меѓународната заедница во изминатите денови и поради одлуката за доживотна робија.

Текстот Властите во ОАЕ го помилуваа британскиот академик кој беше осуден на доживотна робија е превземен од Reporter.mk.