(Видео) Како би изгледал Берлин, под замисла на Хитлер?

Адолф Хитлер заедно со неговиот штитеник Алберт Шпер, на почетокот на 1937 година, започнале проект, за изградба на Берлин кој би требало да има големи нацистички градежни изданија со цел да го заплашат светот.

Направена е огромна макета, а големи делови на Берлин биле отстранети. Планот го осмислиле истовремено додека траел Холокаустот. Хитлер во својата навистичка дистопија сакал да го нарече “Welthauptstadt Germania“.

Во теорија градот требало да биде завршен до 1950 година. Шпер го ипмпресионирал Хитлер со својата работа во Нирнберг, каде намерно ја реинтерпретирал класичната архитектура.

Идејата на Хитлер била да ги земе во предвид сите монументални згради, булевари или скулптури кои Европа ги има и да направи нивна копија, само неколку пати поголема.

Повеќето од тие градежни изданија би биле долги и по седум километри, а требало да имаат за цел да ја илустрираат големината и моќта на нацистичка Германија. На југот би се наоѓала Триумфалната капија, иста како париската, само шест пати поголема. На север би се отворил булевар за одржување на парада, која би се одвивала се до големата „Хитлерова палата“.

Палата на Хитлер била инспирација од елегантното градежно издание на Базилката свети Петра, но требало да биде многу поголема. Просториите биле замислени на 99.000 квадратни метри, а потребни биле 200.000 тони материјал за нивно производство. Тоа би бил центар на нацистичкиот култ и центар, срцето на велеград и најголемата затворена зграда на светот, која би можела да прими 180.000 луѓе.
На десет километри од центарот бил направен стадионот за Берлинската Олимпијада, која се одржавала во 1936 година. Хитлер имал во план да го направи, сличен на римскиот Колосеум, само 200 метри подолг. По успехот на игрите, Хитлер заклучил дека му е потребна уште поголема арена.

Остатокот од велеградот на Германија би бил премрежен со патишта, железници, тунели и простори за живеење. Самата околина не би била добра за жителите кои по градот морале да се движат низ компликувани тунели под земјата, за да не ја нарушат убавината на надворешниот изглед.

 

Планот било со земја да бидат срамнети големи квартови во Берлин и да бидат одземени преку 60.000 станови, а повеќе од 100.000 Германци да останат без поркив над главата. Од Евреите биле одземени 25.000 станови. Биле исфрлени ѝ испратени во логори. Нивните домови биле искористени за Германците кои биле бездомци.

Хитлер имал и свои внатрешни критичари. Соработникот на Шпер, Ханс Стефан сметал дека сите овие планови се во контраст со историјата и културата на Германија и затоа се навредливи.

Градбата забавувала како војната напредувала. Шпер бил убеден во нацистичката победа, па дури на моменти се радувал кога Берлин за време на бомбардирањето бил срамнет со земја.

за разлика од Хитлер кој што извршил самоубиство, Шпер се спасил од смртна казна. Тој изјавил дека не знаел за плановите за направениот Холокаустот по што се здобил само со затворска казна.(В Следните 20 години ги минал во затворот во Шпандау.

Текстот (Видео) Како би изгледал Берлин, под замисла на Хитлер? е превземен од Reporter.mk.