(Видео) Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Божиќ

Американската прва дама Меланија Трамп го претстави божиќниот декор во Белата куќа, која самата го дизајнирала, а на тема „американското богатство“.

Белата куќа наведува дека меѓу декорациите се и дрвото кое го сечеле членови на семествата на американските војници загинати во борба, полиците над каминот со приказни од панорамата на Њујорк, Сент Луис, Чикаго и Сан Франциско, пренесува „Aсошијетед прес“.

Меланија и Трамп на Твитер објавија видео снимка на која се гледа како шетаат меѓу празничните декорации, кои го красат и слоганот на нејзината хуманитарна кампања Be Best во корист на децата.

Текстот (Видео) Меланија Трамп ја украси Белата куќа за Божиќ е превземен од Reporter.mk.