(Фото) Доналд Трамп плукнат Елвис Присли

Не му е доволно да биде претседател, па сега Доналд Трамп сака да биде и крал, пишуваат светските медиуми коишто  ја пренесоа неговата изјава дадена во Мисисипи дека во младоста изгледал како Елвис.

„Ќе речете дека си правам филмови, но во младоста, освен русата коса, многу изгледав на кралот Елвис Присли“, изјавил Трамп во понеделникот за време на посетата на градот Тупело, Мисисипи, каде што е роден Елвис Присли.

Трамп исто така ги потсети тамошните жители дека претходно овој месец постхумно го наградил Елвис Присло со Претседателски медал на слободата.

Идејата дека Трамп можеби наликува на легендарната музичка ѕвезда беше доволна сама по себе голем број твитерџии да се пошегуваат на сметка на американскиот претседател.

Текстот (Фото) Доналд Трамп плукнат Елвис Присли е превземен од Reporter.mk.