Виртуозот на гитара Влатко Стефановски, и покрај смртта на брат му Горан, ќе ја одржи австралиската турнеја што беше закажана пред повеќе месеци. Тој вечерва со своето трио, во кое членуваат и Ѓоле Максимовски и Дино Милосављевиќ, ќе одржи концерт во Мелбурн, на 1 декември ќе настапи во Сиднеј и на 2 декември ќе свири во Перт.
За потсетување, неговиот постар брат, писателот и драматург Горан Стефановски, пред три дена почина ненадејно во Лондон. Неговото тело ќе биде кремирано на 5 декемви, а потоа, по негова желба, семејството ќе го расфрли пепелот во Охридското Езеро.
Текстот И покрај смртта на брат му, Влатко не ја откажа турнејата во Австралија е превземен од Reporter.mk.