Популарната македонска хумористична серија „Преспав“ доби целосна верзија на песната „Куршлус“. Спотот е направен со извадоци од серијата и специјално снимени сцени, а е најава за третата сезона која ќе почне да се прикажува на 17 декември на Македонската телевизија. Во спотот се појавуваат ликовите од пансионот, кои ги глумат Васил Зафирчев, Јована Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Џамбазов и други. Дел од нив и ја пеат песната. Во спотот се појавува и музичарот Мите Димовски, кој е автор на музиката и текстот.
Текстот (Видео) Куршлус во „Преспав“ е превземен од Reporter.mk.