Американската пејачка Ники Минаж, 36, неодамна на Инстаграм ја потврди својата врска со Кенет Пети (40). Новиот дечко на американската раперка е обвинет за убиство, но исто така и за обид за силување малолетничка.
Пети поминал четири години во државен затвор во Њујорк поради обид за силување. Тој, наводно, ја нападнал малолетничката и се обидел да ја присили на сексуален однос.
Несреќната девојка тогаш имала само 16 години, а во времето на судењето, Пети бил исто така малолетник и благодарение на тоа добил помала казна.
Покрај тоа, дечкото на Минаж, поминал седум години во затвор поради убиство, а го ослободиле во 2013 година.
Раперката не обрнува внимание на негативните коментари на своите фанови, и тоа го докажа со најновата објава на Инстаграм, заедно со опис под фотографијата „Сакаат да зборувааат? Тогаш да им дадеме нешто за што ќе зборуваат.”
Текстот Новиот дечко на Ники Минаж обвинет за силување и убиство е превземен од Reporter.mk.