Баксузна 2018, годинава ја одбележаа умирачки

Актери, режисери, пејачи, уметници-Во годинава што изминува починаа многу познати македонски имња, кој оставиле белег во своите  проефесии. Македонската јавност беше затечена, а се почесто годинава можевме да прочитаме  како пријателите, колегите, обични граѓани се опростуваат од некои од познатите, кои починаа годинава.

Смртта на Влатко Илиевски ја затече јавноста

Смртта на македонскиот пејач Влатко Илиевски беше една од оние која ја затече јавноста. Тој беше пронајден мртов, летото во јули,  во неговиот автомобил во Скопје. Пејачот беше пронајден по анонимна дојава, ноќта околу 23 часот. Последната објава на неговиот профил беше „Шарене пилуле за лилуле“, што доплнителни ги потгреа нагаѓањата околу неговата смрт. Илиевски со години беше дел од групата „Морал“. Со песната „Русинка“, ја претставуваше Македонија на евровизиската сцена. Неколку дена пред да почине, пејачот го прослави 33 роденден.

Моделот Александар Грујовски почина при пад од карпа

Македонскиот модел и фитнес-тренер, Александар Грујовски, кој се појавуваше и во спотот на Тамара, беше пронајден мртов на Малта.  Полицијата извести дека Александар паднал од височина, односно се лизнал од карпа кај заливот додека се шетал со својата девојка.

Замина ѝ Зеко „Шток ми бејби“, урбана градска легенда

Годинава на 56 години почина Горан Атанасов – Зеко, поранешен пејач и шоумен. Тој ќе остане запаметен по хитовите „Шток ми бејби“, „Дај ми, жити сè“, „Нема спас“ и други кои ги изведуваше со „Хавана бенд“, Игор Џамбазов и Сашо Пижевски. Изминативе години тој беше сопственик на кафулиња, дискотеки и клубови, а многумина велат дека бил еден од создавачите на ноќниот живот во Скопје.

Да не беше Горан Стефановски, не ќе беше „Леб и сол“

Македонскиот драматург Горан Стефановска по кратко болеување почина во Велика Британија. Телото беше кремирано на 5 декември, а негова последна желба била урната да се расфрли по Охридското езеро. Тој беше автор на „Диво месо“, „Лет во место”,  „Дупло дно”, „Тетовирани души”, а добитник е на престижниете награди: „Стале Попов“„11 Октомври“,  двапати на „Стериина награда” и шестпати добитник на наградата „Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ. Тој е брат на легендарниот гитарист Влатко Стефановски, и повеќето пени на “леб и сол“ ги пипувал Горан, кој всушнот и ѝ го дал името на популарната група.

Од струен удар почина Ванчо Петрушевски

Почина ѝ актерот Ванчо Петрушевски на 67 години. Актерот загина од струен удар во неговата викендичка во Орешани, близу Драчево, каде живеел во летните месеци.

Петрушевски е роден на 19 април 1951 година во Скопје. Завршил Висока музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје, а во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.

Првата улога ја играл во „Ослободување на Скопје“ од Душан Јовановиќ.

Во матичниот Драмски театар се  пензионираше во 2016 година, но беше активен на сцената и последниве години. Петрушевски во богатата кариера ги има добиено наградите: „Димче Трајковски“ за епизодна улога на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп за ликот на Јаков во претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски, најпопуларно ТВ лице според веснокот „Вечер“ за 1987 година и други.

Омилениот уметник во МОБ , Екрем Хусеин го испратија колегите од балетот

Доајенот на македонскиот балет Екрем Хусеин почина на 75 години по долго боледување. Екрем Хусеин беше еден од омилените уметници во Македонската опера и балет (МОБ). Во 2008 играше во претставата „Црвениот лебед“ во кореографија на Искра Шукарова, со која обележа 50 години кариера.

Фудбалската легенда Благој Истатов почина на 71-година

Благој Истатов, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија, почина на 71- годишна возраст.

Во кариерата Истатов ги бранеше боите на Беласица, Победа Прилеп, Партизан и Утрехт. Се проба и во тренерските води како прв човек на клупата на Беласица и уште неколку други македонски тимови.

Во еден период беше и тренер на голманите во репрезентацијата на Македонија. Пред неколку години, во Дојран, ја основа фудбалската школа „Истатов“.

Љупка Арсова Џундева-тивката дама на мекедонското глумиште

Почина актерката Љупка Арсова Џундева, доајен на македонското глумиште. Македонскиот народен театар ја сподели веста за смртта на актерката Џундева, нарекувајки ја тивката дама на македонското актерство.

„Џундева, (1934-2018), секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот ентузијазам и копнеж по театарската сцена, но и нежниот и милозвучен карактер, безвременска убавина, романтична појава и жесток став во негувањето на звучниот мајчин јазик ја направиле миленичка на театарските режисери, но и на широката театарска, филмска и телевизиска публика-напишаа од МНТ

Годинава што изминува починаа и познатиот режисер Тихомир Бачовски, рок музичарот Симеон Иванов-Канго , режисерите Љупчо Тозија и Љубиша Георгиевски, турскиот актер Салаетин Билал, актерот Мите Грозданов.

Подготви: Редакција „Репортер“ 

Текстот Баксузна 2018, годинава ја одбележаа умирачки е превземен од Reporter.mk.