Руски астронаути ќе се обидат да ја решат мистеријата која се појави во облик на дупка на површината на Меѓународната вселенска станица. Екипажот ќе тргне на патување со намера да ја прегледа и, доколку може, да ја закрпи мистериозната дупка.
Уште во текот на летото беше откриена дупка на руското летало Сојуз и тоа предизвика загриженост кај астронаутите. Загриженоста ги натера астронаутите да се мобилизираат и да ја закрпат дупката за да не се намали притисокот во летачката лабораторија во Меѓународната вселенска станица и тие потврдија дека сега овој објект е безбеден.
Како и да е, грижата околу мистериозното појавување на дупката не исчезна. Најпрво се шпекулираше дека Американците сакале да ја саботираат мисијата на Русите, но тие изјавија дека немале никаква врска со дупката и дека таа веројатно настанала во процесот на бушење при производство на капсулата.
Руските космонаути Олег Кононенко и Сергеј Прокопев би требало денеска да отпатуваат во шестчасовна „прошетка“ по надворешноста на леталото Сојуз. Тие ќе се обидат да ја закрпат дупката и да ја санираат штетата, за потоа да ги однесат примероците собрани од леталото на испитување со кое ќе направат напор да откријат што ја предизвикало дупката.
„Ова ќе биде физички и психички напор за космонаутите. Мисијата нема да биде лесна“, изјави Кононенко неколку дена пред летот.
Генералниот директор на Roskosmos, Дмитри Рогозин, во септември изјави дека дупката веројатно е предизвикана од удар на микрометеорити и дека специјална комисија почнала да работи на утврдување на вистинските штети од ударот.
Текстот Астронаути ќе ја проучуваат мистериозната дупка на Меѓународната вселенска станица е превземен од USB.mk.