Српскиот актер Божидар Боле Стошиќ почина утринава во болница во Белград на 82 години по долга борба со тешка болест. Кариерата подолга од 50 години ја почна како „Боле од бурето“ во детската емисија „Илјада зошто“, а последната улога му бепе во мјузиклот „Фантомот од операта“ во неговиот матичен театар „Теразије“. Во својата долга кариера тој играл во сериите „Театар дома“, „Жежок ветер“, „Крајот на династијата Обреновиќ“, „Среќни луѓе“, „Семејно богатство“, „Љубов, навика, паника“ и други.
Популарниот глумец пред многу години бил во врска со актерката Јелисавета Сека Саблиќ, со која заедно глумеле во театарот „Бошко Буха“.
Текстот Почина српскиот актер Божидар Боле Стошиќ е превземен од Reporter.mk.