„Зегин“ со новогодишен караван ги израдува децата со посебни потреби

Почнува новогодишниот караван со хуманитарен карактер што го организира компанијата „Зегин“, кој прераснува во традиција. Од фирмата ги посетија дневните центри за посебни потреби и аутизам во Македонија.

Целта на овој хуманитарен караван е да се израдуваат децата, па затоа „Зегин“ секоја година на овој празник на децата што престојуваат во овие центри низ Македонија им носи подароци.

Компанијата „Зегин“ им однесе новогодишни пакетчиња и им приреди музичка претстава со цел да видиме среќа и насмевка на нивните лица. Овој проект е со поддршка на Министерството на труд и социјална политика и министерката Мила Царовска.

Текстот „Зегин“ со новогодишен караван ги израдува децата со посебни потреби е превземен од Reporter.mk.