За време на настапот на српскиот фолк-пејач Митар Мириќ во хрватскиот град Бјеловар се случила масовна тепачка. Во тепачката учествувале речиси сите гости во клубот, а меѓу нив имало и полицајци во цивилна облека, пишуваат хрватските медиуми. Во тепачката никој не е потешко повреден, а локалните медиуми пренесуваат дека одамна не се памети ваква кафеанска тепачка во градот.
Полицијата што интервенирала рекла дека против полицајците што учествувале во тепачката во клубот ќе биде почната дисциплинска постапка.
Текстот (Видео) Српскиот пејач Митар Митриќ предизвика масовна тепачка во Хрватска е превземен од Reporter.mk.