Австралијката Ајрин О’Шеј на 102 години скокна со падобран и стана најстарата личност во светот што некогаш го направила тоа. Ајрин скокна во хуманитарни цели, оти сака да собере пари за испитување на ретка болест на нервниот систем од која пред многу години починала нејзината ќерка.
Ова не е прв скок на О’Шеј. Таа првпат со авион скокна лани, со истата цел. Овојпат скокна од авион од височина од 5 илјади метри, заедно со нејзиниот инструктор.
Ајрин досега собрала 12.000 долари за ова истражување и отворила веб-страница за донации преку која луѓето може да донираат пари на Интернет.
Текстот (Видео) Баба на 102 години скокна со падобран е превземен од Reporter.mk.