Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска вчера го прослави првиот роденден на синот Вања. Таа и нејзиниот маж Цобе со најблиските пријатели и роднини се забавуваа на тениското игралиште „Евросет“ на Зајчев рид. На крајот на роденденската забава, заедно со Вања ја дувнаа свеќата на роденденската торта. За првиот роденден на синот, Катарина и Цобе избраа едноставна бела торта, украсена со фигура на слон и глушец.
Заради мајчинството Катарина направи подолга пауза од работата. Неодамна таа му се врати на моделингот, а првата фотосесија ја сними на Миконос.