Ед Ширан ја има најуспешната турнеја за 2018 година. Според податоците на аналитичката компанија „Полистар“, за неговата турнеја биле продадени 4,86 милиони карти, што донело приход од 432 милиони долари. Ова е турнеја со најголема заработувачка откако „Полистар“ почна да го води рангирањето пред 30 години, а досегашниот рекорд го држеше турнејата на „Ју-Ту“ од 2017 година, со приход од 316 милиони долари.
Поставен е нов рекорд и во севкупна заработка: најдобрите десет светски турнеи имаат генерирано приход од две милијарди долари, што е 200 милиони повеќе во споредба со лани.
На второто место е Тејлор Свифт со заработени 345 милиони долари и продадени 2,88 милиони влезници на својата турнеја „Репутација“, па следува заедничката турнеја на Џеј-Зи и Бијонсе со зарабпотка од (254 милиони долари и продадени 2,16 милиони карти. Актуелната турнеја на Ед Ширан почна во март 2017 и треба да трае до август наредната година.
Текстот Ед Ширан ја има најуспешната турнеја за 2018 година е превземен од Reporter.mk.