Жозе Мурињо доби клоца во Манчестер Јунајтед

Португалецот Жозе Мурињо по неделниот пораз од Ливерпул доби клоца од раководството на Манчестер Јунајтед. Португалецот повеќе не е тренер на премиерлигашкиот клуб.

Оваа информација беше потврдена и на официјалниот сајт на клубот. Искусниот португалски стратег доби отказ по серијата лоши резултати од почетокот на сезоната.

„Манчестер Јунајтед сака да му се заблагодари на Мурињо за се што направи за клубот ѝ му посакуваме среќа во кариерата“, стои во соопштението.

Исто така е наведено дека Јунајтед наскоро ќе добие привремен менаџер до крајот на сезоната. За раководството на клубот капката која ја прелеа чашата беше поразот во неделата во „Премиерл лигата“ од Ливерпул.

Манчестер Јунајтед изгуби во неделното дерби со резултат 3:1. Ова го уклучи алармот кај раководството во тимот дека е време за промени. Мурињо беше посочен за одговорен за немањето никаква идеја во играта.

Британските медиуми пишуваат дека за жешката атмосфера во тимот се погрижиле и поедини играчи кои наводно дошле во конфликт со Португалецот. Меѓу нив бил и француската ѕвезда Пол Погба.

Мурињо сепак ќе излезе во ќар од целата ситуација. Португалецот најверојатно ќе добие одредена сума на пари, како оштета од предвреме раскинатиот договор, кој го потпишал со клубот пред 11 месеци.

Британските медуиуми шпекулираат дека во прашање се 26 милиони евра. „Ѓаволите“ во моментов заостануваат 11 бодови зад четвртопласираниот Чекзи, додека водечкиот Ливерпул, е на врвот со 19. бодови предност.

Манчестер Јунајтед под водство на Мурињо освои три трофеи за 2,5 години. Португалецот ги освои трофеите во „Лига Европа“, „Лига Купот“ и „Комјунити Шилд“.

Манчестер Јунајтед во 1/8 финалето од Лигата на шампиони ќе игра против Пари Сен Жермен.

 

 

Текстот Жозе Мурињо доби клоца во Манчестер Јунајтед е превземен од Reporter.mk.