Мариса Папен, поранешна Плејбој зајачица и фотомодел, за себе вели дека е “професионален уништувач на табуата”.
Неодамна позираше гола среде Ватикан. На едната фотографија гола преминува на пешачки премин носејќи дрвен крст, на втората исто така без облека седи на Библијата.
Младата Белгијка и нејзиниот фотограф Џеси Вокер извеле скандалозен перформанс поради кој завршиле во притвор откако полицијата ги уапси на плоштадот Свети Петар. Сепак, после десет часа биле ослободени.
Оваа девојка има интересна историја во јавноста. Нејзината претпоследна акција се одиграла во Турција кај најпознатата тамошна џамија Аја Софија, каде била облечена во бурка која ја подигнала и ја открила вагината.
Таму поминала добро за разлика од Египет. Таму таа позирала гола пред пирамидата во Гиза и завршила во притвор. Неодамна позирала и пред Ѕидот на плачот во Израел, а вакви фотографии има направено во над 50 земји.
Текстот (Фото) Пред џамијата во Турција ја покажа вагината, во Ватикан гола носеше крст е превземен од Reporter.mk.