Милионерка уапсена поради криумчарење на торби направени од кожа на питон

Богатата наследничка на италијански рударски тајкун, Стефани Сколаро ќе се седне на обвинителна клупа по обвинението дека криумчарела капи и торби направени од кожа на питон.

Стефани признала дека капите и торбите ги увезувала во Велика Британија, а потоа ги продавала. Производите ги продавала преку својата интернет страница и профилот на „Инстаграм“ каде ја следат 80 илјади луѓе.

Спорните производи кои ги нарачувала од Индонзеија, а ги продавала исклучиво на богати клиенти. Германските цариници ја фатиле кога заплениле цел пакет со роба во кој имал 25 парчиња капи и торби.

Полицијата го прегледала и нејзиниот профил на „Инстаграм“, каде имала фотографии со спорните производи. Стефани ја признала вината, а по читањето на обвиненијата платила кауција за да биде ослободена.

Судењето треба да се одржи следната година. Ако Стефани биде прогласена за виновна ѝ се заканува казна во траење од седум години затвор.

 

Текстот Милионерка уапсена поради криумчарење на торби направени од кожа на питон е превземен од Reporter.mk.