Нема Оскар за „Исцелител“

Македонскиот филм „Исцелител“ не успеа да влезе меѓу деветте филмови што ќе се натпреваруваат за „Оскар“ во категоријата од неанглиско говорно подрачје. Најпознатите светски филмски списанија „Варајати“, „Скрин дејли“, „Сенсес оф синема“ и „Холивуд репортер“ објавија одлични рецензии за филмот на режисерот Ѓорче Ставрески.

Во потесниот круг во оваа категорија влегоа полскиот филм Cold War на Павел Павликовски, јапонскиот Shoplifters на Хироказу Корида, колумбискиот Birds of Passage на Кристина Галего и Циро Гера, данскиот филм The Guilty на Густав Милер, германскиот Never Look Away на Флориан Хенкел вон Донерсмарк, казахстанскиот Ayka на Сергеј Дворцев, либанскиот Capernaum на Надин Лабаки, мексиканскиот Roma на Алфонсо Карон и Burning од Јужна Кореја во режија на Чанг-донг Ли.

И покрај тоа што „Исцелител“ не ја доби официјалната номинација за Оскар, лобирањето за овој филм може да донесе можности за поголема гледаност, покани на фестивали и евентуална продажба на филмот во САД, велат продуцентите.

Дебитантскиот филм на Ставрески досега се прикажа на педесетина меѓународни филмски фестивали низ светот. Овој филм освои 15 меѓународни награди, како и четири домашни награди во дистрибуција и уште четири во претпродукција.

Главните улоги во „Исцелител“ ги толкуваат Благој Веселинов и Анастас Тановски, а глумат и Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други.

 

Текстот Нема Оскар за „Исцелител“ е превземен од Reporter.mk.