Македонската пејачка и водителка Адријана Алачки напиша јавно му го честиташе роденденот на својот син.
„Синко, кога беше мал беше едноставно да си ги искажам желбите за тебе и да ги остварам. На возраста на која си сега, желбите на мајката се непроменливи, но се е во твои раце за нивна релизација. Одговорно и храбро пред сите само ти можеш да ги исполниш и да стоиш цврсто пред твоите планови и одлуки. Се зависи од тебе. Биди жив и здрав“ напиша Алачки.
Поранешната пејачка, сега водителка на „Вкусот на традицијата“, неодамна беше центарот на вниманието на јавноста, откако нејзиниот поранешен сопруг Горан Алачки, кажа дека е во љубов со новинарката Марина Дојчиновска, и се пожали дека Адријана го користела неговото презиме за своја промоција.
Текстот Адријана емотивна, синот порасна е превземен од Reporter.mk.