Откако светските медиуми пишуваа дека Пакс, посвоениот син на Бред и Анџелина, не сака да го види својот татко и дека му е лут, момчето објави емотивна роденденска честитка и му порача на Бред дека го сака најмногу на целиот свет. Според пишувањата на медиумите, наводно, пред неколку месеци Анџелина му кажала на Пакс дека Бред никогаш не сакал да го посвои, а тоа уште повеќе ги заладило односите во семејството.
Сепак, 15-годишниот ги демантираше пишувањата откако на Инстаграм објави слика од детството на Бред за да му го честита 55 роденден на глумецот.
„Среќен роденден на овој фраер. Те сакам најмногу и едвај чекам да те видам подоцна“, стои во честитката.
Анџелина и Бред го посвоиле Пакс од Виетнам во март 2007 година, две години откако се запознале на сетот на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Освен Пакс, двојката ги посвои Медокс и Захара, а ги има и биолошките деца Шајло, Вивиен и Нокс.
Текстот Посвоениот син на Бред Пит откри што мисли за татко му е превземен од Reporter.mk.