Наместо класично отклучување ќе биде доволно да се стави прст на сензор поставен на рачката, односно за стартување на моторот ќе биде доволно да се допре посебно копче во кое исто така е вграден сензор за отпечатоци.
Последниве години, биометријата целосно го замени класичниот начин на отклучување на паметните телефони со користење на PIN и кодови. Наместо да внесувате четирицифрен број, денес е доволно да се погледне во телефонот или да се стави прстот на сензорот и уредот веднаш ќе се отклучи.
Слична технологија во иднина може да се очекува и во автомобилите, а една од првите компании што почнува да ја спроведува во своите возила е Hyundai. На саемот за автомобили кој се одржа минатата недела во Кина, компанијата објави дека во моделот 2019 SANTA FE отклучувањето и стартувањето на моторот ќе биде овозможено со отпечаток на прст.
Целиот текст можете да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас
Текстот Патент на Hyundai: Автомобилите ќе се отклучуваат и стартуваат со помош на отпечаток од прст е превземен од USB.mk.