Пејачката Емина Јаховиќ се пофали со луксузно уредениот дом пред новогодишните празници. Таа на социјалните мрежи откри дека подготвува празнична вечера, па објави неколку фотографии од трпеза и од деталите, а им се заблагодари и на девојките што ѝ го разубавиле домот.
„Мојата убава предновогодишна трпеза. Ги обожавам Фаберже деталите“, напиша Емина на сликите.
Пејачката со своите обожаватели постојано споделува слики и видеа од нејзиното секојдневие. Изминатиов период во јавноста беше актуелна заради разводот со Мустафа Сандал, и новата врска со турскиот бизнисмен Садетин Саран.
Текстот (Фото) Луксуз за празниците во домот на Емина Јаховиќ е превземен од Reporter.mk.