Дел од оргиналните ликови на култната тинејџерска серија „Беверли Хилс 90210“ повторно ќе глумат заедно во нови епизоди од серијата, пишуваат американските медиуми. Според нив, студиото „Си-Би-Ес“ сака да сними неколку сезони од најпопуларната серија на ’90те. Наводно Џени Гарт (Кели), Тори Спелинг (Дона), Џејсон Присли (Брендон), Јан Зеринг (Стив), Брајан Остин Грин (Дејвид) и Габриел Картерис (Андреа) веќе потврдиле дека ќе бидат дел од новото продолжение, но засега нема одговор од Лук Пери (Дилан) и Шенон Доерти (Бренда).
Оргиналната серија ја креираа Дарен Стар и Арон Спелинг. Таа се прикажуваше од 1990 до 2000 година. Потоа, беше снимено продолжение со други ликови, но таа не го повтори успехот на оригиналната серија.
Тори Спелинг првпат во март годинава го најави „оживувањето“ на серијата, откако на „Инстаграм“ напиша дека се враќа на работа заедно со Џени Гарт и додаде „Кели и Дона засекогаш“.
Текстот Ќе се снима нов „Беверли Хилс“ со оригиналните актери е превземен од Reporter.mk.