Родриго Алвес, кој стана познат во светот како „човекот Кен“ оти сака да личи на популарната кукла, сега вели дека сака да стане пејач и да пее на Евровизија, пишува „Дејли мејл“. Тој веќе оди на часови по пеење, а наскоро ќе ја сними и својата прва песна.
„Следната година ќе се посветам на мојата музичка кариера, ја пишувам првата поп-песна и се надевам дека ќе се натпреварувам на Евровизија. Јас сум шоумен и сакам да ги инспирирам луѓето со својата музика“, рекол Родриго за британскиот весник.
Тој веќе го има договорено неговиот прв јавен настап, а тој ќе биде за Божик во црквата Чизе ди Сант Агнесе во Рим, каде што ќе пее со хорот на црквата.
Текстот „Човекот Кен” сака да пее на Евровизија е превземен од Reporter.mk.