(Видео) Претседателот на Туркменистан компонираше божикна песна

Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов компонираше божикна песна, „Сон“, а потоа ја изведе заедно со неговиот 14-годишен внук во една телевизиска емисија. Во песната тој ги повикува Туркменистанците заедно „да запеат песна за љубовта“.

„Со прекрасната мелодија и нејзините искрени зборови, песната продира во душата на слушателите и врз нив остава силен впечаток“, рекол водителот на емисијата кога ја најавувал песната.

Песната „Сон“ освен на туркменски, е снимена и на англиски и германски јазик.

Текстот (Видео) Претседателот на Туркменистан компонираше божикна песна е превземен од Reporter.mk.