(Фото) Биба Додева стана русокоса

Пејачката Биба Додева стана русокоса. Таа со новиот имиџ се пофали на социјалните мрежи и објави неколку слики со новата боја на косата. Од пријателиде доби комплименти за изгледот. „Храброст е да направиш ваква промена, преубаво ти стои“, ѝ напишаа во коментарите.

Биба, која е претседател на здружението за борба против ракот на дојката „Борка“, изминатиов период организираше бројни активности, меѓу кои и кампањата „Напред розово“, во која се вклучени жени, но и неколку мажи кои го победиле ракот на дојката. На еден од тие настани, Биба дојде во друштво на ќерката Емануела, која последните неколку години живее во Португалија.

Биба Додева: „Мојата ќерка е мојот свет“

Текстот (Фото) Биба Додева стана русокоса е превземен од Reporter.mk.