„Тејк дет“ ја откажаа светската турнеја

Неколку недели откако најавија дека ќе одржат светска турнеја за 30-годишнината од формирањето на групата, „Тејк дет“ ја откажаа заради болест на член на семејството на Гери Барлоу. Тројцата членови на некогашниот популарен тинејџерски бенд, Барлоу, Марк Овен и Хауард Доналд, требаше да тргнат на светска турнеја од април. Тие, ги откажаа концертите во Австралија и Јужна Америка, но ќе ги одржат најавените концерти во Европа, за Барлоу да биде блиску до дома.

„Бевме многу амбициозни за следната година, но се појави болест во моето семејство и нема да можам да патувам интензивно во наредните две години. Им благодарам на моите двајца пријатели за нивното разбирање, но јас едноставно мора да сум дома“, изјави 47-годишниот Барлоу за „Скај њуз“.

Кога пред неколку недели најавија дека ќе тргнат на турнеја, „Тејк дет“ открија дека со нив нема да бидат Роби Вилијамс и Џејсон Оринџ.

Текстот „Тејк дет“ ја откажаа светската турнеја е превземен од Reporter.mk.