Пред крајот на годината, американските медиуми ја објавија листата со слики што собрале најмногу лајкови на Инстаграм. На врвот оваа година е слика од бебето на ријалити ѕвездата Кајли Џенер, која има 18 милиони лајкови.
На второто место е сликата на Џастин Бибер со која објави дека се свршил со манекенката Хејли Болдвин. Сликата има 13,3 милиони лајкови.
Трета е уште една слика на Кајли Џенер, таа позира со ќерката Сторми. Сликата има 13,1 милиони лајкови.
Четврта најлајкувана слика има Аријана Гранде, а на сликата што собра 12,9 милиони лајкови е нејзиното починато момче, раперот Мек Милер.
Петти на листата е Кристијано Роналдо, чија слика со свршеницата Георгина Родригез доби 11,3 милиони лајкови.
Текстот (Галерија) Најлајкувани слики на „Инстаграм“ во 2018 година е превземен од Reporter.mk.