(Фото) Дарко Лазиќ ќе добие син

Српскиот пејач Дарко Лазиќ и неговата девојка Марина Гагиќ го открија полот на бебето кое е во исчекување. Пејачот наскоро се очекува да стане татко по втор пат, Марина се очекува на свет да донесе машко дете.

Веста за полот на детето двајцата го открија со фотографии направена во нивниот стан. Двајцата се облечени во Дедо Мраз и Баба мразица, а Марина донела балони во розева и сина боја.

Во играта со пукањето на балоните, на крајот победил синиот балон на кој пишувало момче.

По излегувањето од болницата во Земун, Дарко Лазиќ сега се наоѓа во бања во Младеновци. Дарко во болницата престојува од 23 октомври, кога доживеа тешка сообраќајна несреќа.

Пејачот веќе ја има ќерката Лорена, од поранешниот брак со неговата колешка Ана Севиќ.

 

Текстот (Фото) Дарко Лазиќ ќе добие син е превземен од Reporter.mk.