Македонската кошаркарска репрезентативка Едина Муса е меѓу трите најсекси девојки на Балканот кои се занимаваат со спорт. Ова е според оценките на интернет-порталот „Гонг“. Покрај Муса, останатите две најсекси спортистки се Софија Милошевиќ, која е девојка на фудбалерот Адем Љајиќ, како и Амра Силајџиќ, која е во врска со Един Џеко.
Муса е дел од екипата на кошаркарскиот клуб „Работнички“, но во моментов не игра поради повреда. Освен кошарката, Муса лани во Франција ја претставуваше Македонија за најфитнес тело, каде што освои солиден пласман.
Текстот Едина Муса е најсекси спортистка на Балканот е превземен од Reporter.mk.