Витлеем подготвен за божикната прослава

Палестинците се подготвуваат да ги примат христијанските верници од целиот свет, кои Божик по грегоријанскиот календар ќе го прослават во Витлеем, на Западниот Брег.

Надбискупот Пјербатиста Пикабал, највисоко рангираниот римокатолички свештеник во Светата Земја, денеска ги премина израелските воени контролни пунктови во пресрет на мисата што на полноќ ќе се одржи во Црквата на рожденството Христово во Витлеем, објави агенцијата АП.

Неколку стотици Палестинци и туристи се собраа денеска во центарот на Витлеем за да присуствуваат на парадата на палестинските извидници.

Палестинскиот министер за туризам, Рула Маја, изјави дека во овие моменти очите на целиот свет се насочени кон Витлеем и дека Палестинците се подготвени да ги примат посетителите, објави агенцијата АП.

Текстот Витлеем подготвен за божикната прослава е превземен од Reporter.mk.