Хајди Клум се вери со 17 години помладото момче

Поранешната манекенка Хајди Клум се вери со своето 17 години помладо момче, гитаристот на бендот „Токио хотел“, Том Каулиц. Таа на Клум на својот инстаграм-профил објави црно-бела фотографија со прстенот и напиша: „Реков да“.

Ова ќе биде трет брак на манекенката. Таа претходно беше мажена за Рик Пипин со кој има една ќерка, а подоцна се венчаше и со пејачот Сил со кој има три деца. Со Том е во врска од почетокот на оваа година.

 

Текстот Хајди Клум се вери со 17 години помладото момче е превземен од Reporter.mk.