Светски популариот пејач Тајга, поранешен дечко на Кајли Џенер, сликаше фотосесија за насловна страница на магазинот BASIC vo Лос Анџелес . Додека било сликањето, во исто време се снимил и краткометражен моден филм, во кој стилистите на Tајга за снимањето на овој филм го избрале фустанот од македонскиот моден кретарот Златко Јованосвки и неговата колекција JZJ by Zlatko Jovanovski – Couturier.
„Од неодамна дел од колекцијата што беше претставена на Harbin Fashion Week во Кина е во шоу-рум за сценска мода во Лос Анџелес, па така и овој фустан се најде на снимањето. Во шоу-рум има многу дизајнери кои изложуваат таму, но стилистите на Tајга го одбрале токму мојот фустан за потребите на снимањето. Честа е огромна, пресреќен сум“, раскажа Златко Јовановски за „Репортер“.
Текстот Македонски фустан на дизајнерот Златко Јовановски на снимањето на светската ѕвезда Тајга е превземен од Reporter.mk.