Магазинот „Џи-кју“ го прогласи пејачот Ник Џонас за маж со најдобар моден стил за 2018 година. Пејачот ја доби оваа титула по гласањето на фановите во анкетата на интернет-страницата на магазинот. Тој е избран во конкуренција со 64 други мажи, меѓу кои и Рајан Рејнолдс, Џон Леџенд и Џеф Голдблум.
Титулата, според стилисатите на магазинот ја добил заради неговиот необичен стил, кој го опишуваат како крајно естетски. Во статијата во „Џи-кју“ се зборува и за гардеробата што Џонас ја носеше на венчавката со глумицата Пријанка Чопра пред еден месец, вклучувајќи ја и традиционалната индиска облека.
„Ник е одличен пример дека брендираната облека не мора убаво да му прилега на секој човек. Кога знаете да го носите нештото, едно обично парче облека може да изгледа како најелегантната работа на целата планета“, стои во статијата.
Текстот Ник Џонас е модна икона за 2018 година е превземен од Reporter.mk.