Поп-пејачката Меган Трејнор, која се прослави со песната All About the Basѕ, се омажи викендов за глумецот Дарил Сабара, на нејзиниот 25. роденден. Свадбата се одржала во Лос Анџелес, во дворот на семејната куќа на глумецот. На забавата присуствувале 100 блиски пријатели и членови на семејството на младенците, а првите слики од свадбата ги објави магазинот „Пипл“.
Текстот (Фото) Се омажи пејачката Меган Трејнор е превземен од Reporter.mk.