Ракометниот реперзентативец Столе Стоилов, кој лани беше прогласен за најдобар спортист на годината, ја напушти манифестацијата „Спортист на годината“ која вечра се одржуваше во хотелот „Александар Палас“.
„Се чувствувам засрамено и понижено“ – , наводно се пожалил Стоилов на реперезентативците. Се зборува дека причината за заминувањето од манифестацијата и реакцијата на ракомтарот била, затоа што за прв пат годинава, „Спортист на годината“ беше двојазична, односно беше организиран и превод на албански јазик.
Оваа година за најдобри спортисти на годината се избрани каратистот Емил Павлов и ракометарката Сара Ристовска.
Настанот беше во организација на Агенцијата за млади и спорт.
Текстот Столе лут ја напушти манифестацијата „Спортист на годината“ е превземен од Reporter.mk.