Харпер Бекам, ќерката на Дејвид и Викторија Бекам, ужива додека работи во штала и го мести сеното за коњите со вила, открила Викторија. Таа објавила видео од Харпер која работи во штала. „Зафатена со многу работа“, напиша дизајнерката и поранешна пејачка на „Спајс грлс“. Таа и претходно открила дека Харпер обожава да јава коњи и дека сака да се грижи за нив. Харпер, која има седум години, е најмалото дете на познатата брачна двојка. Дејвид и Викторија имаат уште три сина, Бруклин, Ромео и Круз.
Текстот (Фото) Ќерката на Викторија и Дејвид Бекам работи во штала е превземен од Reporter.mk.