Порториканскиот пејач Рики Мартин и неговиот сопруг Џван Јосеф посвоија девојче. Двојката веста ја објави на „Инстаграм“ и открија дека ќерката ќе се вика Лусија.
„Пресреќни сме што станавме родители на преубаво и здраво девојче Лусија Мартин Јосеф. Ова се посебни моменти за нас и со нетрпение чекаме да видиме каде ќе не однесе оваа преубаво бебе. Сите сме вљубени во неа и нејзините прекрасни браќа и Џван и јас“, напиша Мартин покрај сликата.
Освен Лусија, Мартин ги има близнаците Матео и Валентино, кои ги доби од сурогат мајка.
Текстот Рики Мартин посвои девојче е превземен од Reporter.mk.