(Видео) Луи Стивен Вит е убиецот на Кенеди, сметаат голем број Американци

Човекот со црниот чадор кој се наоѓал на улиците во Далас, низ кои поминувала поворката на поранешниот американски претседател Џон Кенеди, Луи Стивен Вит.

Вит и покрај сончевиот ден на 22 ноември 1963 година, кога било извршено убиството врз претседателот, со себе носел чадор и за голем број теоретичари на заговор, тоа било знак дека тој бил дел од голем заговор против Кенеди.

Дури по 15 години од убиството на Кенеди, Вит се понудил доброволно да сведочи во рамки на истрагата за убиството на поранешниот претседател.

Тој се бранел тврдејќи дека чадорот го корисел како протест против таткото на Кенеди, кој бил американски амбасадор во Велика Британија во триесетите години од минатиот век. Вит алудирал дека таткото на Кенеди го поддржувал помирувањето со нацистите.

Британскиот премиер секогаш со себе носел голем црн чадор. Тоа бил неговиот заштитен знак, но поради неговите постапки и постапките кон Нацистите, тоа станало знак на слабост. Вит вели дека тоа е причината поради која имал голем црн чадор.

Но сепак голем дел од американската јавност не е убедена во неговото сведочење. Голем број теоретичари на заговори сметаат дека тој е човекот кој требало да даде сигнал кога може да се пука во претседателот Кенеди.

На снимките е забележано дека во моментите кога тој го отвора чадорот, неколку секунди подоцна е застрелан Кенеди. Некои од заговорите одат дотаму што велат дека Вит го убил Кенеди а чадорот го користел како оружје.

„Една личност во Далас се крие под чадор покрај автомобилот во моментите додека поминува претседателот Кенеди. Како може тоа да се објасни“, вели истражителот Џосиј Томпсон вели, во краткиот документарец на Ерол Орис, под името „Човекот со чадорот“ The Umbrella Man.

Речиси и по половина век од атентатот на Џон Кенеди, за голем број луѓе останува мистерија кој е вистинскиот убиец на поранешниот американски претседател. Многумина не сакаат да веруваат во приказната дека подоцна обвинетиот Ли Харви Освалд, е одговорен за убиството на Кенеди.

Харви бил обвинет од страна на Комисијата од Сенатот, дека на 22 ноември 1963 година, тој делувал сам за време на направенитот атентат. Ниту трите истраги кои следувале по убиството во 1968, 1975 и 1979 година не биле доволно убедливи за јавноста дека е фатен и обвинет вистинскиот убиец.

На крајот формиран е заклучок дека има голема можност, Освалд да не делувал сам и дека постои голем заговор за кој никогаш точно не било откриено кои стои зад него. Постојат теории дека зад убиството на Кенеди стојат Кубанците, ЦИА, вонземјани, неговата сопруга, Русите, но се набројуваат и многу други фактори.

Дали во Кенеди пукала само една личност или ги имало повеќе? Дали Освалд бил само жртвено јагне? Во една анкета направена во 2003 година, покажала дека дури 70 % од Американците веруваат дека Освалд не делувал сам и дека станува збор за заговор.

 

Текстот (Видео) Луи Стивен Вит е убиецот на Кенеди, сметаат голем број Американци е превземен од Reporter.mk.